Црвена Звезда ја забележа втората победа во Евролигата откако на домашен терен во 8.коло славеше со 70:67 против Асвел во првиот натпревар на новиот тренер Душко Ивановиќ. „Црвено-белите“ имаа добар старт на мечот, а Французите се вратија во вториот дел па дури и имаа водство. Сепак со супер завршница екипата на Ивановиќ стигна до победата.
Ефес на домашен терен ја совлада Барселона со 96:86. „Каталонците“ беа добри само во првата четвртина, а потоа беа немоќни против разиграниот турски тим.
Олимпијакос славеше на гостувањето кај Баерн со 82:71.