Официјално: Сенегал без Садио Мане на СП

227

Сенегалскиот фудбалски сојуз потврди дека првата ѕвезда на репрезентацијата Садио Мане нема да игра на СП во Катар поради повреда. „Лавовите од Теранга“ до последен миг се надеваа дека тој ќе успее да заздрави навреме и ќе го прескокне само првото или второто коло на СП, но денеска ФС потврди дека Мане нема да патува на Мундијалот.

Инаку, 30-годишниот Мане се повреди играјќи за Баерн на мечот со Вердер на 8 ноември.

„Откако Мане се повреди на 8 ноември ние постојано бевме во контакт со Баерн за да имаме потполна информација за повредата. Следниот ден од клубот ни испратија снимки од магнетната резонанса кои покажаа дека се работи за повреда на десното колено. Тие дури не поканија лично да го прегледаме играчот. Денес се направени нови испитувања, за да видиме дали има некаква шанса Мане да игра на СП. За жел, проблемот не е така лесен. Затоа Мане нема да игра на Мундијалот, а во најбрз рок ќе треба да се оперира“, изјави член на лекарскиот штаб на Сенегал.

Инаку Сенегал на СП е во група со Холандија, Катар и Еквадор.

ПретходноДушко Ивановиќ со победа на дебито, Ефес подобра од Барселона
СледноДе Геа збунет: „Кој ви рекол дека се повлекувам oд репрезентацијата?“