Во недела стартува СП во Катар, Бразил е еден од главните кандидати за титулата, во земјата на самбата и фудбалот се е спремно за Мундијалот, но спремни се и шпекулациите.
Имено познато е дека селекторот Тите по завршување на СП во Катар нема веќе да биде предводник на репрезентацијата и тоа без разлика на резултатот, и затоа сега се прават планови кој е тој што ќе го наследи.
Планот на одговорните во Фудбалската конфедерација е после Тите тоа да биде Пеп Гвардиола. Како што велат од Бразил имало контакти со менаџерот на Манчестер Сити, но сепак се вели дека проблем е платата, која изнесува 24 милиони евра годишно.