Познат стартниот состав: Со Нестор и Елмас во шпицот ќе ја напаѓаме Финска!

1475

Вечерва од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, нашата најдобра репрезентација во пријателски меч ќе ги одмери силите со Финска.

За овој меч, како што дознава Спортмедиа, старниот состав на Македонија ќе биде следниот и во формација 3-5-2.

На голот ќе биде Димитриевски, тројацата стопери се Муслиу, Бејтулаи и Серафимов. Десно нешто понапред ќе биде Ристовски, а лево Алиоски. Во средниот ред ќе бидат Барди, Николов и Спировски, и во нападот „италијанската врска“ со Несторовски и Елмас.

Претходно„Златен гонг“: Единасет земји со свои претставници, Македонија со шестмина боксери
СледноНемавме решение за Лазетиќ