Полувреме: Македонија игра, но Финска има водство!

265

Заврши првиот дел од пријателскиот меч меѓу Македонија и Финска и тоа со водство на гостите од 0:1.

Македонија играше, имаше иницијатива во поле, имаше и водство, но со голот на Антман во 37.минута поведоа со 0:1.

Несторовски во 15.минута, откако Елмас и Николов проиграа, сам, непречен од никого од колу десет метри шутираше, но финскиот голман прекрасно одбрани. Неколку минути подоцна Елмас и Алиоски комбинираа по левата страна, но немавме среќа таа одбиена топка да влезе во гостинската мрежа. Финска во 24.минута можеше да поведе откако Хосконен од околу 20 метри шутираше опасно, но само ја чепна стативата на Димитриевски. Сега имавме среќа.

Втората закана гостите ја упатија во 30.минута, кога по една акција од левата страна Лод беше во шанса, но за наша среќа тој беше непрецизен.

И тогаш, во таа 37.минута, Финците “отворија“ една опасна контра која Антман рутински ја претвори во гол за водство од 0:1.

Не минаа две минути, Несторовски одново беше во шанса, но пак нема гол. Следуваше спорен момент кога еден играч на гостите играше со рака, но тоа не беше доволно судијата Новак Симовиќ од Србија да покаже на белата точка за нас.

Во 45.минута Нестор повторно во шанса, но пак нема гол, не се снајде најдобро на само 5-6 метри пред голот на гостите.

ПретходноИма кој го сака: Роналдо добива понуда од Австралија!?
СледноМаксвел не е повеќе член на МЗТ Скопје!