Фудбалската репрезентацијата на Аргентина вчера на пријателскиот натпревар со Обединетите Арапски Емирати и победата од 5:0, стигна до бројката од 36 натпревари без пораз.
Момците на селекторот Скалони се на чекор од повторување на рекордот на фудбалската репрезентација на Италија. Италијанците останаа непоразени во 37 последователни натпревари меѓу септември 2018 и октомври 2021 година.
За време на оваа серија без пораз на селекцијата на Аргентина, „гаучосите“ ја освоија и Копа Америка победувајќи го Бразил со 1:0 во финалето во 2021 година.
Веќе првиот меч на СП во Катар против С. Арабија на 22 ноември ќе биде шанса за Аргентина да се израмни со „аѕурите“.