Норвешка е вториот патник во финалето на Европското првенство 2022 година, чија завршница е одржува во Љубљана. Актуелниот бранител на титулата во второто полуфинале ја совлада Франција со 28-20. За златниот медал, Норвешка за противник ќе ја има Данска која во главната рунда и нанесе пораз, па сега ќе има шанса за одмазда.
По изедначена игра во првиот дел, кој заврши со гол позитива на норвешките ракометарки (12-11), Французинките паднаа по одморот. Норвешка на дело покажа зошто е фаворит за тронот и на овој еврошампинат, успеа да им нанесе единствениот пораз на „триколорите“ и заслужено се најде во финалето.
Нора Морк со осум гола беше прв стрелец, еден помалку запиша Офтедал. На другата страна Зади Деуна со пет гола беше најефикасна.
Битките за медал на програмата се во недела. Во битката за третото место ќе се борат Франција и Црна Гора, две репрезентации кои ги гледавме во Скопје.