Партизан во возбудлив дуел го совлада Макаби за четврта победа во Евролигата

147

Во меч од осмото коло на Евролигата кошаркарите на Партизан го срушија Макаби Тел Авив со резултат 96:88. Тоа е четврта победа на Партизан во сезоната и сега има ист скор како и Макаби 4-4. „Црно-белите“ лошо го почнаа мечот, по првото полувреме имаше негатива од еден кош (49:50). Мечот беше неизвесен до самиот финиш во кој Партизан беше во подобар ритам и го заврши во своја корист.

Најефикасен на мечот беше Болдвин од Макаби со 23 поени, а по него се странците во Партизан Ексум и Лидеј со по 21 поен.

Во осмото коло победи славеа уште Фенербахче над Панатинаикос со 107:77, потоа Монако со Басконија 79:74 и Жалгирис над Милано со 71:62.


Standings provided by Sofascore

ПретходноЛевандовски: На СП во Русија не се чувствував удобно, на ова СП е поинаку
СледноБаерн падна! Барселона е со најмногу играчи на СП во Катар