Роналдо: Меси? Тој е величенствен, магичен фудбалер, врв на врвовите….!

514

Со нетрпение се очекуваше продолжението од интервјуто на Кристијано Роналдо кај Пирс Морган. И имаше што да се види и слушне. Неочекувано, кога станува збор за Меси тој просто воодушеви со пофалбите и респектот кон Аргентинецот.

Меси? А што да се каже освен дека е супер тип, величенствен, неверојатен, магичен фудбалер. Тој е врв на врвовите во фудбалот. Тој и јас сме на врвот фудбалската сцена веќе 16 години и ја делиме истата. Замислете, 16 години. Имам супер однос со него. Не сме другари во смисла да се посетуваме, да постојано разговараме на телефон, но се чувствувам во некоја рака како да сме соиграчи“ посочи Кристијано.

Португалецот рече дека е свесен и знае и тоа дека Меси исто така со респект говори за него.

Јас го ценам и поради тоа со каков респект говори за мене. Дури и нашите жени кои се Аргентинки имаат коректен однос. Така и треба. Мислам дека ако би играле заедно со Меси би продале многу, многу дресови…ха, ха, ха“ рече покрај другото Кристијано Роналдо.

ПретходноГеоргиевски неочекувано елиминиран уште во 2.коло на СП во Мексико!
СледноМЗТ Скопје подготвува „бомба“ – Џејкоб Вајли доаѓа во Аеродром?