Поранешниот напаѓач на аргентинската фудбалска репрезентација Серхио Кун Агуеро полета за Катар на Светското првенство со авион полн со бразилски навивачи. Пензионираниот фудбалер кој забележа 101 настап за аргентинската репрезентација и постигна 41 гол, објави видео од тој авион на кое може да се види и слушне како пеат бразилските навивачи.
Репрезентациите на Бразил и Аргентина се големи ривали. Навивачите на двете јужноамерикански земји не се поднесуваат, но Агуеро не влезе во никаков конфликт.
Тој дури и се пошегува со Бразилците на социјалните мрежи. Тој на видеото напиша „вака беше до крај“, мислејќи на нивното навивање. Инаку, Бразил е фаворит за освојување на Мундијалот, додека Аргентина е трета на оваа листа.
😩😩😩😩 pic.twitter.com/S0HZ2uxfMt
— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) November 17, 2022