Георгиевски неочекувано елиминиран уште во 2.коло на СП во Мексико!

958

Нема да има медал за Дејан Георгиевски на СП во Гвадалахара (Мексико) во таеквондо. Нашиот херој од последните олимписки игри, на СП кое се одржува деновиве, неочекувано загуби уште во 1/8 финалето или 2.коло од Жоаксинг Сонг од Кина со 2:0.

Претходно Георгиевски во првиот меч имаше одличен настап и тоа против Валтер Салдариага од Колумбија кого го победи со 2:0.

Поразот од таеквондистот од Кина значеше и елиминација на Георгиевски од СП, што значи дека не го повтори успехот од ОИ во Токио минатата година кога на Македонија и го донесе среброто.

ПретходноДе Геа збунет: „Кој ви рекол дека се повлекувам oд репрезентацијата?“
СледноРоналдо: Меси? Тој е величенствен, магичен фудбалер, врв на врвовите….!