За првпат откако е во селекцијата на Аргентина, а тоа е веќе 17 години, Лео Меси нема да има цимер во собата, односно ќе биде сам. Тоа е поради фактот дека Серхио Агуеро, неговиот најдобар пријател и долгогодишен цимер престана да игра фудбал. А Меси, како што велат медиумите во Аргентина не сакал друг репрезентативен колега со кого ќе ја дели собата за време на Мундијалот.
И кога е во прашање Меси тогаш се му е дозволени. Инаку негови први соседи во соседната соба се Родриго де Пол и Николас Отаменди како што се гледа од фотографијата. На вратата убаво се гледа дека стои само неговото име.