Разни суперкомпјутери, потоа разни врачеви, математичари и теории, велат дека Аргентина со Меси ќе го освои Мундијалот во Катар, па и поради квалитетот на „гаучосите“.
Најновата теорија, онаа за суеверните, е дека Аргентина ќе биде прва и поради ПСЖ.
Имено пред СП во 2002 година Роналдињо од Гремио се преселил во ПСЖ и Бразил стана првак на Мундијалот во Ј. Кореја и Јапонија. Во 2017 година Килијан Мбапе направи трансфер од Монако во ПСЖ, и следната година на СП во Русија тој и Франција ја освоија титулата.
Само да се потсетиме дека лани Лео Меси се пресели од Барса во ПСЖ.
Па, останува да видиме дали Меси и Аргентина ќе дојдат до толку посакуваниот трон.