Коронавирус: Данска стравува пред полуфиналето со Црна Гора!

428

Страв во таборот на Данска од тоа дали ќе има нови позитивни на Ковид-19, и тоа во пресрет на денешното полуфинале на ЕП за ракомет против Црна Гора. Имено пред мечот со Норвешка, на тестирањето позитивни биле помошниот тренер Ларс Јоргенсен и ракометарката Каја Камп. Ова беше соопштено од медиумите во Данска. За нив заврши ЕП, но сега се стравува дали освен нив има уште некои позитивни, а тоа ќе значи нови проблеми во данската репрезентација.

На вчерашното тестирање немало нови позитивни, но затоа денеска ќе има нови тестови.

Инаку полуфиналето од ЕП меѓу Данска и Црна Гора е закажано за денеска со почеток во 17:45 часот, се игра во „Стожице“ во Љубљана.

ПретходноМЗТ Скопје подготвува „бомба“ – Џејкоб Вајли доаѓа во Аеродром?
СледноО`Нил во последната секунда им донесе победа на Нетси! (ВИДЕО)