Македонија и покрај двете победи забележа пад на ФИБА рејтинг листата

126

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 54. место на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2025 година.

По двете победи против селекциите на Норвешка и на Данска, Македонија доби нови рејтинг поени, но забележа пад на листата од едно место. Сега има вкупно 204.3 бодови, кои ја носат 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Шпанија, е лидер во светскиот поредок. „Црвената фурија“ има 758.6 поени со кои е пред неприкосновената САД (има 757.5 поени), пред Австралија, Аргентина и Франција кои се во ТОП 5.

ПретходноРадичевиќ: Девојките ми ветија дека мојот сон ќе се исполни!
СледноКавадарчани со една мисла – победничката серија да продолжи и во Скопје!