Манчестер Јунајтед конечно се огласи по интервјуто на Роналдо!

352

Веќе се денови се коментира интервјуто кое Кристијано Роналдо го даде и направи вистински хаос. Тој испрати бројни критики на сметка на Манчестер Јунајтед, тренерите, па дури и Вејн Руни.

Португалецот беше свесен дека со токму овие зборови ќе се збогува со „црвените ѓаволи“ и повеќе нема да настапува, неговата мисија на „Олд Трафорд“ ја заврши неславно.

Наскоро се очекува да добие и раскин на договорот и секако да добие парична казна за сето она што го кажа. Јунајтед нема да брза кога е во прашање Роналдо, едноставно раководството на клубот не сака со „жешка“ глава да носи одлучи.

Неколку дена по скандалозното интервју се огласи и Јунајтед.

„Манчестер Јунајтед утринава направи неколку чекори како одговор на неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо. Нема да даваме коментари на оваа тема додека не заврши целиот процес“, порачаа од клубот.

ПретходноГо нема Агуеро а тој не сака друг: Само Меси нема цимер кај “гаучосите“! (ФОТО)
СледноДржавниот завод за ревизија откри неправилности во работењето на Мојсовски и АМС