МЗТ Скопје на „жешкиот“ терен во Железник се надева на чудо!

111

МЗТ Скопје е пред уште една тешка задача во АБА-лигата. Актуелниот македонски првак му гостува на ФМП во рамките на седмото коло во јадранското натпреварување, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

Противникот се наоѓа на третото место на табелата има пет победи и само еден пораз, што пак доволно говори за квалитетот и силата со која располага. На избраниците на Александар Петровиќ им преостанува да го дадат максимумот и да се обидат да се прилагодат на темпото кое ФМП знае да го наметне, особено агресивната игра во одбранаа.

„Резултатите постигнати на ФМП доволно зборуваат против каква екипа ќе играме. Второто место во ваква силна конкуренција со само еден пораз од шест натпревари е потврда за квалитетот на нашиот следен ривал, што секако не е причина однапред да се предадеме. Играат исклучително агресивно, често ја менуваат одбраната и нема да ни биде тешко да се прилагодиме. Згора на тоа, не трениравме целосно во претходниот период бидејќи половина од првиот тим имаше репрезентативни обврски. Ова нема да биде алиби, туку реалност, која секако нема да не спречи да дадеме максимум и да се обидеме да изненадиме во Железник“, изјави Петровиќ пред мечот. 

Дамјан Робев ја пренесува атмосферата во тимот, се надева на чудо водејќи се од победата на Задар против Црвена Звеза.

„Ќе направиме се што можеме адекватно да се подготвиме за дуелот против ФМП, кој доаѓа по навистина збиениот натпреварувачки распоред во кој повеќето бевме и посветени на репрезентацијата. Противникот игра одлично, во добра форма, но нашата цел е да го дадеме максимумот и да се обидеме да изненадиме. Ако Задар како гостин успеа да ја победи Црвена Звезда, тогаш зошто да не се надеваме дека ќе ги победиме нашите ривали од Железник“, вели Робев пред овој меч. 

МЗТ Скопје е на претпоследното место на табелата со една победа и шест порази, полош од нашиот тим е само Борац.

ПретходноФановите негодуваат: Мини-бургер и мало пиво на Мундијалот чинат 25 долари! (ФОТО)
СледноГо нема Агуеро а тој не сака друг: Само Меси нема цимер кај “гаучосите“! (ФОТО)