Ова е веќе лакрдија од Мундијал: Катар бара промени во последен час, ФИФА во шок!

771

Така е тоа кога си имаш работа со организатор на едно СП како што е Катар. Имено ФИФА е во шок, а тоа поради фактот дека Катарците, односно нивната влада бара од ФИФА промени во последен час. Барањето било воопшто да не се точи пиво во таа земја за време на Мундијалот. Односно да не се точи било каков алкохол.

Познато е дека ФИФА во договор со организаторот, најде начин преку својот долгогодишен спонзор „Бадвајзер“ сепак фановите да можат да купат пиво, но со низа мерки.

Но и тие мерки сега им пречат на домаќините па во последен час бараат од ФИФА разни промени околу ова.

А Мундијалот само што не започнал.

Се очекува потегот на ФИФА, посебно ако се знае дека ако ова го прифати тогаш ќе следуваат плаќање на милионски пенали на својот спонзор.

ПретходноРистовски: Не барам алиби за ремито, но овој терен на Арената е ОЧАЕН!
СледноШокантно: Полјаците во придружба на борбени авиони патуваа до Катар! (ВИДЕО)