Откако го “скрши“ Бугаринот: Македонецот Бобан Илиоски освои злато на ЕП во кик-бокс!

2626

Прекрасни вести од Анталија (Турција), од ЕП во кик-бокс за сениори. Имено Бобан Илиоски стана европски првак откако успеа да го победи Бугаринот Христо Калајџиев во големото финале и тоа со резултат 3:0 во категоријата до 86 кг.

Браво, браво за Бобан.

Ова е втор медал за нашата репрезентација на ова ЕП, откако Варадинова освои бронза.

По триумфот во финалето и по големиот успех своето задоволство не го криеше ни селекторо Дејан Митровски – Урко, кој по борбата напомена дека заедно со Бобан во финалето примениле сосема поинаква тактика, без премногу ризик. Тактика која вродила со плод.

ПретходноЕве зошто Аргентина ќе го освои Мундијалот и тоа благодарение на ПСЖ!
СледноФановите негодуваат: Мини-бургер и мало пиво на Мундијалот чинат 25 долари! (ФОТО)