Синоќа во пријателски натпревар нашата најдобра фудбалска репрезентација ремизираше против Финска со резултат 1:1. Сите сме свесни дека ова не беше баш најдобро издание на нашите момци, тоа го кажаа и по средбата и селекторот Милевски, потоа Елмас, Барди и останатите, а капитенот Стефан Ристовски посочи дека една од причините за тоа е и очајниот терен на Националната Арена “Тодор Проески“. Нешто што со години се соочуваат тој и неговите репрезентативни колеги кога играат за Македонија во Скопје.
“Не барам алиби за ремито, но мора да се каже дека овој терен на Арената е ОЧАЕН. На крај добро е што никој не се повреди. Тешко е да се бара од нас на ваков терен некаква креација во играта, креација во тактиката. Место да одиме напред во некои работи, ние назадуваме. Ќе повторам, најважно е што никој не се повреди“ потенцираше капитенот.