Повеќе од јасно е дека Доха односно Катар се скапи. Пребогатата земја со нафта и тоа како има висок стандард за нејзините граѓани, но факт е дека некои цени за време на Мундијалот и тоа како се “надувани“.
Па така на штандовите за брза храна цените се превисоки, така барем велат фановите кои веќе се во Катар. Имено за еден мини – бургер и мало пиво треба да се издвои 25 долари или 1.500 денари. Да не говориме какви се цените по рестораните или хотелите.
Може да се купи и мини грчка салата или подобро кажано салатичка, со само едно парче мини – сирење за 9 долари
Токму затоа навивачите се гневни и негодуваат по социјалните мрежи.