Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е дел од финалето во двојки на фјучерс турнирот во Ираклс, Грција.
Таа денеска со 2:0 триумфираше заедно со Деа Херџелаш против Катерина Хобгарски и Дарја Семенистаја.
Македонската тенисерка утре ќе игра и полуфинале во сингл-конкуренција против првата носителка Хобгарски, откако денеска славеше со 6-3 и 6-4 против Пиа Ловриќ.