16-годишниот Андреј Велков го потпиша својот прв професионален договор со Академија Пандев. Перспективниот лев бек кој воедно е и репрезентативец на Македонија во селекцијата У-17, е еден од фудбалерите во кои сме сигурни дека во иднина ќе биде важен дел од сениорскиот состав на струмичката екипа.