Го нема Агуеро а тој не сака друг: Само Меси нема цимер кај “гаучосите“! (ФОТО)

316

За првпат откако е во селекцијата на Аргентина, а тоа е веќе 17 години, Лео Меси нема да има цимер во собата, односно ќе биде сам. Тоа е поради фактот дека Серхио Агуеро, неговиот најдобар пријател и долгогодишен цимер престана да игра фудбал. А Меси, како што велат медиумите во Аргентина не сакал друг репрезентативен колега со кого ќе ја дели собата за време на Мундијалот.

И кога е во прашање Меси тогаш се му е дозволени. Инаку негови први соседи во соседната соба се Родриго де Пол и Николас Отаменди како што се гледа од фотографијата. На вратата убаво се гледа дека стои само неговото име. 

Image

ПретходноМЗТ Скопје на „жешкиот“ терен во Железник се надева на чудо!
СледноМанчестер Јунајтед конечно се огласи по интервјуто на Роналдо!