Кавадарчани со една мисла – победничката серија да продолжи и во Скопје!

85

Денеска стартуваат дуелите од 11. коло во Супер-лигата, на програмата се четири средби. Во групата А, Бутел Скопје е домаќин (18 часот) на Вардар Неготино. Скопскиот тим е фаворит против дебитантот, оваа улога ќе мора да ја оправда доколку сака да ја продолжи трката за третото место на табелата со Охрид, двата тима имаат по 18 бода.

Во истиот термин, Тиквеш е гостин на Скопје 2020, додека пак Јуниор К.В го пречекува Пролет. Кавадарчани се во налет, имаат четири победи во низа, па од главниот град планираат да си заминат со целиот плен.

Последната средба се игра во Радовиш, таму гостува Е.Пелистер.

Дербито на 11. коло е во Автокоманда, Алкалоид го пречекува Вардар 1961. Ова ќе биде нова шанса за избраниците на Кирил Лазаров да го земат скалпот на актуелниот првак, кој на првата пресметка на искуство дојде до победата.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 11
18.11.2022 – ПЕТОК
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК СКОПЈЕ 2020
18:00 часот РК ЈУНИОР К.В – РК ПРОЛЕТ 62
19:00 часот РК РАДОВИШ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19.11.2022 – САБОТА
18:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 – пренос во живо на МРТ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
18:30 часот ГРК ОХРИД – МРК КУМАНОВО
20.11.2022 – НЕДЕЛА
18:00 часот РК ПРИЛЕП – РК СТРУГА
ПретходноМакедонија и покрај двете победи забележа пад на ФИБА рејтинг листата
СледноКинезите со своја прогноза: Србија ќе го освои Мундијалот во Катар! (ФОТО)