Кинезите со своја прогноза: Србија ќе го освои Мундијалот во Катар! (ФОТО)

331

Некои велат Аргентина, некои Бразил, можеби Франција или Португалија и секако Германија, но во Кина велат дека Србија ќе го освои Мундијалот во Катар. Кинезите си имаат свои сметки и пресметки, а тие велат дека селекцијата на Драган Стојковиќ – Пикси ќе биде новиот светски првак.

Интересно во секој случај, можеби токму заради Пикси кој како фудбалер и тренер е вистинска легенда во таа земја.

Инаку Кинезите прогнозираат дека Србија во групата, во која се и Бразил, Камерун и Швајцарија, ќе биде втора. Потоа во 1/8 финалето ќе игра против Уругвај и ќе победи. Следува во 1/4 финалето балканското дерби со Хрватска во кое Србите ќе излезат како победници. Во полуфиналето ќе слават против Мбапе и Франција а на крај во големото во големото финале Србија ќе го победела Бразил.

По ова излегува дека и за Србија и за Бразил нивниот меѓусебен дуел во 1.коло од групата ќе има своја реприза во последниот меч на Мундијалот.

Е, па, ајде да го видиме и тоа чудо.

Image

ПретходноКавадарчани со една мисла – победничката серија да продолжи и во Скопје!
СледноАгуеро леташе со бразилските навивачи за Катар: Вака беше цел пат (ВИДЕО)