Левандовски: На СП во Русија не се чувствував удобно, на ова СП е поинаку

249

Репрезентацијата на Полска е во групата Ц на Светското првенство заедно со Мексико, Аргентина и Саудиска Арабија. Полска го отвара шампионатот против Мексико во вторник. Првата ѕвезда на Полска, Роберт Левандовски верува дека ова нема да му биде последно СП во кариерата.

Многу пати претходно сум бил во Доха. Знам што да очекувам. Во Сочи (на СП 2018) беше различно, непознато, не многу удобно. Тука се чувствувам многу пријатно и убаво“, рече Левандовски.

Запрашан за тоа дали ова му е последен Мундијал, тој одговори:

Не знам. Се спреман како ова да ми е последно Светско првенство, но нема да кажам „Да“ ниту “Не“. Мислам дека можам да играм и на Светското првенство, се разбира ако успееме да се пласираме таму“, додаде фудбалерот на Барселона.

ПретходноНорвешка ја растури Франција, има шанса за одмазда во финалето на ЕП 2022!
СледноПартизан во возбудлив дуел го совлада Макаби за четврта победа во Евролигата