Џејкоб Вајли е „бомбата“ која раководството на МЗТ Скопје ја подготвува во продолжение на сезоната во која покрај домашните обврски, актуелниот македонски првак настапува во АБА-лигата.
СПОРТМЕДИА дознава дека натурализираниот Македонец и првите луѓе на клубот веќе се во преговори. По заминувањето на Еван Максвел кој се повреди остана празнина под обрачите, па Вајли ќе биде вистинска замена за него.
Американецот со македонски пасош по авантурата во Будуќност замина во Кина во тимот на Шига Лејкстарс. Во дресот на Македонија дојде како играч на Гран Канарија од каде замина во Сарагоса.
Вајли ќе биде одлично засилување во редовите на МЗТ Скопје, овој 28-годишен кошаркар имаше одлични партии за македонската кошаркарска репрезентација, а веќе добро му е познат нашиот терен, како и дел од играчите кои настапуваат за актуелниот првак.
МЗТ Скопје денеска му гостува на ФМП во рамките на седмото коло во АБА-лигата, овој дуел е закажан со почеток во 18 часот.