Само во Аргентина: Толпа народ среде ноќ ги испрати Алмада и Кореа во Катар! (ВИДЕО)

333

Селекторот на “гаучосите“ Лионел Скалони мораше поради повреда да го менува списокот. Па така од него испаднаа Николас Гонзалез и Жоакин Кореа, а на нивно место се повикани Тиаго Алмада и Анхел Кореа. Овие двајва не очекувале дополнителен повик па така со другарите си играле фудбал во своето маало во Буенос Аирес. И кога стигнал повикот веднаш да допатуваат во Катар, нив на аеродром ги испратиле илјадници фанови кои побарале од нив да се вратат со пехарот. Имало и славје, како да станува збор за некојси светски прваци а не за играчи кои дополнително се повикани во репрезентацијата.

Ете, тоа го има само во Аргентина.

Ова е мојот најсреќен ден во животот“ изјавил Кореа пред да се качи во авионот за Катар.

ПретходноДржавниот завод за ревизија откри неправилности во работењето на Мојсовски и АМС
СледноАлчевски: Жалиме за пропуштената победа против Кипар