После долгиот и напорен меч и 191 минута борба против Данил Медведев, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Торино каде ќе игра против Тејлор Фриц.
Тој потроши доста енергија и на крајот славеше со 6:3, 6:7(5) и 7:6(2). На една пауза камерите уловија момент во кој додека Новак се бришеше со крпата рацете му се тресеа. Веднаш почнаа информации дека можеби тоа е резултат на некаква болест, но Новак одговори на тоа.
„Тоа беше умор од напорната битка. Тоа е се што можам да кажам. Нема болест. Тоа беше само општа физичка исцрпеност после долгите размени и поради должината на играта. Имав слободен ден меѓу натпреварите, па така влегов свеж во дуелот. Сепак, бев малку нервозен пред мечот со еден од најдобрите играчи на светот, топ ривал како Медведев.
Секој има еден од оние денови кога се мачи физички. Каков ден имав и јас. Горд сум што најдов начин, да издржам и да победам“, изјави Ѓоковиќ.
Novak visibly *shaking* between the sets. Wonder what’s going on. Just tiredness? pic.twitter.com/M5jVhNvxK8
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 18, 2022