О`Нил во последната секунда им донесе победа на Нетси! (ВИДЕО)

116

Ројс О`Нил долго ќе го памети мечот против Портланд. Имено кошаркарот на Бруклин Нетс со кош од одбојка во последната секунда му донесе триумф на својот тим против Нетси и тоа на гости.

Интересно, со тој кош за победа, О`Нил дојде и до трипл-дабл на овој натпревар кој заврши со резултат 107:109.

Скорот на О`Нил беше 11 поени, 10 скокови и 11 асистенции.

На останатите мечеви од ноќеска, Сакраменто со 130:112 го победи Сан Антонио, додека ЛА Клиперс славеше со 96:91 против тимот на Детроит.

Во таборот на Клиперски по првпат оваа сезона стартер беше првата ѕвезда на тимот Кавај Ленард.

ПретходноКоронавирус: Данска стравува пред полуфиналето со Црна Гора!
СледноРистовски: Не барам алиби за ремито, но овој терен на Арената е ОЧАЕН!