Прекрасни вести од Анталија (Турција), од ЕП во кик-бокс за сениори. Имено Бобан Илиоски стана европски првак откако успеа да го победи Бугаринот Христо Калајџиев во големото финале и тоа со резултат 3:0 во категоријата до 86 кг.
Браво, браво за Бобан.
Ова е втор медал за нашата репрезентација на ова ЕП, откако Варадинова освои бронза.
По триумфот во финалето и по големиот успех своето задоволство не го криеше ни селекторо Дејан Митровски – Урко, кој по борбата напомена дека заедно со Бобан во финалето примениле сосема поинаква тактика, без премногу ризик. Тактика која вродила со плод.