Инфантино: Фановите ќе издржат три часа без пиво!

331

Во пресрет на утрешниот почеток на СП во Катар, претседателот на ФИФА Џани Инфантино на прес-конференција во целост ги бранеше ставовите на организаторот за се она што се случува и се случувало во врска со Мундијалот.

Тој посочи дека владее големо лицемерие кај Европјаните во поглед на критиките врз Катар во поглед на човековите права.

Тоа е неправедно, тоа е тој едностран морал, не сакам да давам животни лекции, но треба на луѓето да им се даде надеж и иднина, а не критика по секоја цена. Јас сум убеден дека ова ќе биде најдобриот Мундијал до сега. А што се однесува до забраната за точење алкохол па мислам дека фановите можат да издржат три часа без пиво“ рече покрај другото првиот човек на ФИФА.

ПретходноМарадона: Елмас направи глупост со пораката на социјалните мрежи, но тој ме импресионира!
СледноДерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува Вардар 1961!