Митровиќ пука од оптимизам: Што ми е гајле за Бразилците, да не имаат крилја, да не летаат?

2023

Еден од најдобрите српски фудбалери Александар Митровиќ пука од оптимизам пред стартот на Мундијалот во Катар. Тие во подготвителен меч го совладаа Бахреин со 5:1 и сега се спремаат за најтешкото – мечевите во групата и еден од ривалите им е славниот Бразил.
На прашањето дали знае што пишуваат Бразилците за Србија, тој одговори:
Многу ми е гајле што размислуваат Бразилците. Фокусот е на нас без оглед кој е ривалот. Што би се рекло – Бразилците имаат крилја, летаат ли…? Ниту зборувавме за нив, ниту се плашиме. Мислиме за себе и знаеме дека ако сме на ниво, можеме да играме со било кој“, изјави Митровиќ.

ПретходноОлимпијакос сака да „раскине“ со Марсело – Бразилецот имал сила да одигра само 30 минути!
СледноЕмин Махмудов: Македонија има екстра играчи, но ние дојдовме да победиме