Ферстапен до пол-позицијата во Абу Даби!

102

Светскиот првак Макс Ферстапен дојде до пол – позицијата пред

последната трка сезонава во Формула 1 и тоа во Абу Даби на патеката “Јас Марина“. Тој беше најбрз на денешните квалификации. Ова значи дека Холанѓанецот, кој ги освои титулите од минатата и оваа сезона, утре ќе стартува прв од стартната позиција на трката која се вози од 14 часот.

Како втор ќе стартува неговиот тимски колега од Ред Бул Серхио Перез, додека како трети и четврти се двоецот од Ферари Леклер и Саинц. Хамилтон во квалификациите дојде до петатта позиција.

ПретходноШифрин победи на првиот слалом во новата сезона!
СледноЃоковиќ преку Фриц до финале