Благоја Милевски: Се надевам дека ќе дојдеме до позитивен резултат!

174

Утре од 14 часот на Арената во Скопје, нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски натпревар ќе ги одмери силиоте против силниот состав на Азербејџан. По она реми со Финска, секако дека посакуваме победа.

Во пресрет на утрешниот дуел, свој коментар денеска на пресот имаше селекторот Благоја Милевски:

Секој во денешно време прави скаутинг и се што е потребно да дознае што повеќе за противникот. Како и ние така и противникот. Инаку нашиот квалитет е индивидуален, но колективен, јас се надевам дека ќе дојдеме до позтивен резултат на утрешниот меч со Азербејџан“ посочи Милевски.

Тој посочи дека ќе има промени во стартниот состав во однос на мечот со Финска пред три дена:

Промени во составот ќе има секако, ќе видиме кој ќе стартува. Не случајно инсистирам на ваков тим на противници за да максмално се подготвиме за сите можни варианти. Финска е топ селекција која доаѓа од втор шешир, Азербејџан е одличе колектив и нивните резултати кажуваат дека с ево супер форма. Кога создаваме толку шанси тогаш јасно е дека нашиот квалитет е несомнен. Проблемите кои се појавуваат не се страшни, но мораме да ги поправаме. Мора да се сме совршени до стартот на квалификациите, да анулираме се што е негативно“ заврши селекторот.

ПретходноБез болниот Миовски и Алиоски утре против Азербејџан!
СледноЕнис Барди: Потребна е победа за подигање на атмосферата!