Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола бил еден од варијантите за селектор на Бразил. Тоа го соопшти преставник на Фудбалската федерација на Бразил, Франсиско Новелето.
„Пред околу три години се водеа разговори меѓу Федерацијата и Гвардиола. Му се нудеше селекторското место. Пеп сакаше да ја води репрезентацијата, но побара 24 милиони евра годишно за услугите. Кога ја слушнаа сумата претставниците на Федерацијата за малку ќе ги „стрефеше“ инфаркт“, изјави Новелето за „Марка“.
Шпанскиот стратег е на чело на Сити од 2016 година, а до сега освои четири титули во Премиер лигата. Актуелниот договор на Пеп со Сити е до летото 2023 година.