Гостивар не запира: Шест од шест, падна и Струмица

237

Кошаркарите на Гостивар не застануваат. Шеста последователна победа од стартот на сезоната, откако вечерва на домашен терен славеа убедливо и над екипата на Струмица со 102:80. Гостиварчани во текот на целиот меч беа во водство, а доминацијата ја потврдија во завршницата на средбата.

Струмица одигра солидно во првиот период кога имаше и најмала негатива од смао 4 поени. Потоа Гостивар ги зеде конците во свои раце и континуирано ја зголемуваше рфазликата, која на крајот изнесуваше 22 поени.

Пипкинс постигна 24 поени, а ефремовски имаше 22 поени зад своето име вечерва. Овие двајца беа најефикасни во домашниот состав. Кај екипата на Струмица, Крстајиќ постигна 30 поени.

ПретходноЦрногорецот Савковиќ го освои „Златниот Гонг“, две злата за македонските боксери
СледноСега или никогаш: Последното ТАНГО на Меси, последна шанса да докаже дека е НАЈГОЛЕМИОТ!