Дончиќ побрз од Меџик Џонсон, Далас повторно слави, трилер меч меѓу Мајами и Вашингтон

293

Кошаркарите на Далас го совладаа Денвер со 127:99, а Лука Дончиќ стигна до 50. трипл-дабл во кариерата и тоа со еден натпревар пред легендарниот Меџик Џонсон. Дончиќ впиша 33 поени, 11 скокови и 11 асистенции, а за него овој меч беше 278 во НБА лигата.
Па се вкупно гледано само Оскар Робертсон и Дончиќ се единствените 23-годишни кошаркари со 50 трипл дабл ефекти. На Робертсон му биле потребни 111 натпревари за тоа, а бил 221 ден помлад од ѕвездата на Далас.
Кошаркарите на Вашингтон го победија Мајами со 107:106, а српскиот кошаркар Никола Јовиќ ја имаше најдобрата партија во кариерата во НБА лигата. За 30 минути на паркетот тој впиша 18 поени и 6 скокови.
Инаку што се однесува до мечот, Мајами имаше дури 15 поени предност на крајот на втората четвртина, а во финишот Мајами имаше само +5 (104:99), па Визардс изборија продолжение и потоа славеа.

РЕЗУЛТАТИ
ВАШИНГТОН – МАЈАМИ 107:106 (по прод.)
КЛИВЛЕНД – ШАРЛОТ 132:122 (по прод.)
ФИЛАДЕЛФИЈА – МИЛВОКИ 110:102
ЧИКАГО – ОРЛАНДО 107:108
ХЈУСТОН – ИНДИЈАНА 91:99
МЕМФИС – ОКЛАХОМА 121:110
ДАЛАС – ДЕНВЕР 127:99
ЊУ ОРЛЕАНС – БОСТОН 109:117
ЈУТА – ФИНИКС 134:133
ГОЛДЕН СТЕЈТ – ЊУЈОРК НИКС 111:101
Л.А.ЛЕЈКЕРС – ДЕТРОИТ 128:121

ПретходноБаерн падна! Барселона е со најмногу играчи на СП во Катар
СледноРишарлисон и планот за пензија: „Ќе си купам остров и ќе уживам со многу жени“