Енис Барди: Потребна е победа за подигање на атмосферата!

113

Енис Барди е еден од нашите најдобри фудбалери, може да се каже дека е и клучниот играч во националниот тим. Играчот за врска на Трабзон пред утрешниот пријателски меч со Азербејџан, кој се игра утре на Арената во Скопје со почеток од 14 часот, истакна:

Фаворит во овој денешен фудбал нема. Наше е да влеземе максимално. Ставен е акцент на анализирање на грешките кои ги направивме и се поправаме. Треба да се одигра сконцентрирано. Од оние мечеви кои досега сме ги одиграле оној утрешниот ќе биде сосема различен. Познато е дека Азербејџан е силна репрезентација, јаки се, цврсти се на топка. Сепак нам ни е потребна победа за да ја подигнеме атмосферата на едно ниво кое ни е потребно за тоа што следува од март па натака“ рече покрај другото Барди.

ПретходноБлагоја Милевски: Се надевам дека ќе дојдеме до позитивен резултат!
СледноМукаетов: Нашата арена беше „местото каде што сите сакаат да бидат“! Покажавме дека сме добри домаќини!