Селекторот на Шпанија, Луис Енрике во видео чет со фановите одговори на многу прашања поврзани со Светското фудбалско првенство во Катар. Тој кажа кој се неговите фаворити, плановите на Шпанија за Мундијалот, па и за некои играчи…
За Алехандро Балде:
„Тој е млад фудбалер, во него препознавам квалитет. Другите ќе му помогнат да се адаптира“.
За фаворитите:
„Бразил, Аргентина, Франција, Германија, Шпанија, Англија и Холандија се мои фаворити за титулата. Можеби и Белгија…“.
За Меси:
„Ако Шпанија не успее да стане првак, би сакал Аргентина да ја освои титулата поради Лео Меси. Би било неправедно тој да ја заврши кариерата без светска титула. Истото важи и за Луис Суарез и Уругвај“.
За најзабавните фудбалери:
„Би го посочил Педри поради акцентот и начинот на кој зборува. Жорди Алба цел ден се шегува со останатите, но знае кога треба да биде сериозен. Тој секогаш ги поддржува соиграчите. Феран Торес е исто како Педри. И Гави знае да биде забавен. А Бускетс е оној кој ги контролира“.
За најдобриот шпански репрезентативец на сите времиња:
„Имам многу, но би рекол Давид Виља“.
За поранешните соиграчи:
„Како фудбалер со Иван де ла Пења и со Пујол многу сакавме да играме на плејстејшн. Бевме несериозни. Нашата омилена работа беше да излеземе на пијачка или да играме видео игри“.