Во меч од 6.коло во нашата елитна кошаркарска лига, тимот на Еуро Никел со 78:83 успеа како гостин да го победи составот на Феникс 2010.
Се чини дека клучна беше тројката на Соколов на 24 секунди до крајот при резултат 78:78 за 78:81. Во следниот напад домашните не погодија а Планиниќ со две реализирани слободни фрлања само ја заклучи победата на кавадарчани за конечни 78:83.
Во текот на целиот меч гостите ја контролираа играта и настаните на теренот, водеа во текот на трите четвртини, Феникс 2010 пак во последната се разигра, ја доби со 30:25 но се беше бадијала.
Младеновиќ со 27 поени беше најефикасен кај гостите, додека Трајковски за домашните постигна 24 поени.