Олимпијакос сака да „раскине“ со Марсело – Бразилецот имал сила да одигра само 30 минути!

350

На почетокот на септември, грчкиот гигант Олимпијакос објави трансфери на неколку одлични фудбалери меѓу кои и поранешниот бек на Реал Мадрид и бразилската репрезентација Марсело. Сепак, раководните луѓе на грчкиот клуб веќе жалат за потегот да ја донесат бразилската ѕвезда во Пиреја затоа што таа никако да се врати во форма.
Освен тоа 34-годишниот фудбалер нема добар однос со новиот стручен штаб на клубот, па од тука раководните луѓе ја разгледуваат можноста да го раскинат договорот со него. Инаку Марсело сезонава одигра само пет натпревари за екипата, а пред неколку денови се појави информација дека тој може да му се приклучи на Герет Бејл во Лос Анџелес.

ПретходноЕнрике: Ако Шпанија не успее, би сакал Аргентина да стане светски шампион
СледноМитровиќ пука од оптимизам: Што ми е гајле за Бразилците, да не имаат крилја, да не летаат?