Прволигашките клубови од УЕФА ќе добијат 1.388.000 евра за развој на младинскиот фудбал!

1627

Место досегашните 585.000 евра, УЕФА и ЕКА договорија фондот за развој на младинскиот фудбал во нашите прволигашки клубови да се зголеми на 1.388.000 евра.

Секако дека ова е добра вест за сите наши клубови во ПМФЛ, но сепак треба да се каже дека овие пари се строго наменски.

Пред два дена оваа вест е официјално потврдена, а за порталот “Макфудбал“ ја пренесува и генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев, кој веќе неколку години е член на високите структури на ЕКА:

Има убава вест за македонскиот фудбал во целина и за клубовите кои минатата сезона беа дел од Првата лига. По честите состаноци и преговори помеѓу работните групи на ЕКА и УЕФА, како дел од меморандумот за соработка помеѓу овие две асоцијации, беше утврден новиот систем и на распределба на средствата од солидарната шема на УЕФА за развој на младинскиот фудбал. Конкретно за нашата држава, повеќе од двојно го зголеми Фондот за солидарност што треба да и припадне на Македонија и да биде поделен на клубовите кои минатата 2021/2022 сезона беа дел од Прва МФЛ. Средствата се строго наменски, за развој на младинскиот фудбал, затоа што е наша морална обврска, да се грижиме за базата од каде доаѓаат сите идни фудбалери“, посочи Монев.

ПретходноМукаетов: Нашата арена беше „местото каде што сите сакаат да бидат“! Покажавме дека сме добри домаќини!
СледноРакометарките против Украина во баражот за СП 2023 година!