Денеска (13:45 часот) во Љубљана ќе се оддржи извлекување на бараж двојките за пласман на Светското првенство 2023 година кое ќе се оддржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Во пресрет на извлекувањето во кое ке учествуваат 20 репрезентации, македонската женска сениорска селекција е сместена во првиот шешир, а за противник ќе добие репрзентација од вториот шешир.
На Мундијалот 2023 година покрај домаќините, пласман обезбедија и трите најдобро пласирани репрезентации на ЕП 2022 (Франција, Црна Гора и Холандија).
Покрај ждрепката денеска ќе се одржи и завршната прес-конференција на ЕП 2022 година, на истата ќе присуства првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски. Македонија се покажа како одличен домаќин на групната и главната фаза на континенталното натпреварување кое официјално завршува утре.