Кристијано Роналдо ги продолжи тренинзите со соиграчите од Португалија, откако се бореше со стомачен вирус. Поради него напаѓачот ја пропушти последната контрола на својот тим пред Светското првенство во Катар – победата над Нигерија од 4:0.
Вчера Роналдо тренираше со полна брзина, но неговото учество на првиот натпревар на Португалија и понатаму целосно зависи од тренерот на тимот Фернандо Сантош. Првиот натпревар на Португалија е против Гана во четврток. Во групата Х се и селекциите на Уругвај и Јужна Кореја.