Сега или никогаш: Последното ТАНГО на Меси, последна шанса да докаже дека е НАЈГОЛЕМИОТ!

256

 

Меси или Марадона? Кој е најдобриот, кој е нај, нај и не само во Аргентина, туку и во светот заедно со Пеле.

Лео е икона на фудбалот, освои се што може да се освои, но го нема подигнато најважниот пехар во светот на спортот. А тоа е победничкиот пехар од едно СП.

Ова ќе му биде негов петти Мундијал, па така со оглед на годините, а ги има 35, ова ќе му биде последна шанса или ПОСЛЕДНОТО ТАНГО. Ако го освои тогаш и легитимно ќе биде КРАЛОТ на фудбалот, ако не. Е тогаш ако не го освои засекогаш ќе сметаме дека Диего е нај, нај…само поради неговата фудбалска рапсодија од  1986 кога го покори светот. Кога на Аргентина и го донесе пехарот, оној највредниот. Вкупно вториот по таа победа од 1978 година кога Кемпес и другарите влегоа во вечноста.

DiegoForever on Twitter: "Y un día Messi agarro la pelota que le pasó  Maradona. BUENAS NOCHES https://t.co/h1DDrVQN93" / Twitter

Затоа сите вистински фанови на Меси ќе навиваат за Аргентина, за “гаучосите“. Се очекува вистинска армија од 50.000 фанови на оваа земја да престојуваат во Катар за да им помогнат на Меси и компанија.

Од 1986 па наваму Аргентина секогаш имала гламурозен, полн со ѕвезди тим. И сега има, но сега има и „воини“. Конечно на Скалони му текна дека во фудбалот не е најважно да имаш 11 мега ѕвезди,туку тим со еден лидер во кој сите останати ќе ја дадат својата последна капка пот, па ако сакате и крв, за водачот, за лидерот. Така беше во Мексико со Марадона, така се очекува да биде и сега во Катар.

Затоа сега или никогаш за Лионел Меси….

ПретходноГостивар не запира: Шест од шест, падна и Струмица
СледноРоналдо се врати на тренинзи, но се уште не се знае дали ќе го одигра првиот меч на СП