Црногорскиот боксер Стефан Савковиќ е годинешниот освојувач на „Златниот Гонг“. Традиционалната боксерска ревија по 51. пат овој викенд се одржа во Скопје со рекордно учество на над 60 боксери од 11 држави.
Во двата дена натпреварување гледачите во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ имаа можност да видат одлични борби и жестока конкуренција. Златни медали за Македонија обезбедија Дион Лена (60 кг) и Халим Насуфи (71 кг). Второ место за Оран Шакировски (57 кг) и за Илхан Озмен (63.5 кг).