Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од финалето на АТП турнирот во Торино откако предмалку во полуфиналето го совлада Американецот Фриц со 2:0 по сетови 7:6, 7:6.
Во исклучително израмнет меч во кој двата сета завршија во тај брејк, пресуди на моменти далеку поголемото искуство на Ѓоковиќ во вакви моменти.
Србинот сега го чека својот противник во второто полуфинале кое се игра од 21:00 часот, а се среќаваат Руд и Рубљев.