„9-ката“ му прави посебен притисок на Ришарлисон пред СП во Катар

404

Секој дрес во селекцијата на Бразил на светските првенства има посебна тежина, особено ако се погледне кои се легенди на светскиот фудбал ги преставувале „кариоките“ на Мундијалите. Пред почетокот на Светското првенство во Катар, бразилските медиуми излегоа со еден интересен факт, кој може да му создаде дополнителен притисок на напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон.

Имено, 25-годишниот голгетер на „кариоките“ на овој Мундијал ќе го носи дресот со број 9, кој историски, го носеле најдобрите стрелци во бразилската репрезентација. Статистички, од сите фудбалери кои играле за Бразил на светските шампионати, оние кои ја носеле „9-ката“ постигнале најмногу голови – дури 42. На второ место на оваа необична листа се оние кои ја СП играле со бројот 10 и кои постигнале 38 гола за Бразил на Мундијалите. Третото место е за дресот со број 7 во кој стрелците постигнале 26 гола за „кариките“ на досегашните настапи на светските првенства.

ПретходноБелгија загрижена и очајна: Азар како бре вака играш со стомак?
СледноТен Хаг направил список од 5 имиња кои на лето мора да си заминат